Тедеско не е повеќе тренер на Лајпциг

Фудбалскиот клуб Лајпциг ја раскина соработката со тренерот на екипата Доменико Тедеско, после убедливиот пораз од Шахтјор во првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите.

Лајпциг на свој терен беше убедливо поразен од Шахтјор со 4:1, во натпревар од групата Ф во Лигата на шампините.

36-годишниот Тедеско беше тренер на Лајпциг од 9.декември минатата година, и со клубот успеа да го освои Купот на Германија, и се пласира во полуфиналето од Лига Европа каде загуби од Глазгов Ренџерс. 

Како најсериозен кандидат за нов тренер на Лајпциг се споменува бившиот тренер на Борусија Дортмунд, Марко Росе.