Џејмс загуби надеж, нема да игра на Мундијалот заради повреда

Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс , поради повреда, нема да добие повик од селекторот на Англија, Герет Саутгејт и нема да настапи на Светското фудбалско првенство во Катар од 20 ноември до 18 декември, најавија медиумите на Островот.

Менаџерот на „Три лава“ утре ќе го објави составот во кој ќе го нема 22-годишниот Џејмс кој не можеше навреме да се справи со повредата на десното колено.

Тоа го потврди денеска и менаџерот на Челзи, Греам Потер. Џејмс има 15 натпревари за репрезентацијата на Англија.