Клоп: Играчите ќе мора да ми се јавуваат после секој натпревар на Светското првенство
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека му наредил на фудбалерите од клубот кои ќе играат на Мундијалот во Катар, да му се јавуваат после секој натпревар.
Седум играчи на Ливерпул ќе настапуваат за своите селекции на СП во Катар, а остатокот од екипата за време на првенството ќе биде на припреми во Дубаи.
„Имаме јасно правило кога се работи за натпреварите на репрезентациите. Фудбалерите мора да ми се јавуваат после секој одигран дуел. Тие мора да ми кажат како се осеќаат и дали имаат некакви болки или повреди. Ние како тим ќе бидеме во Дубаи, и ако некој од играчите мора да го напушти кампот на репрезентациите може веднаш да дојде кај нас“, потенцира Клоп.
Мундијалот во Катар започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември.