Милан нуди 15 милиони евра за Зијеч

Милан работи на трансферот на Хаким Зијеч од Челзи, пренесува „Газета дело Спорт“. Зијеч беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината во јануари.

По добрите настапи на Мундијалот, Милан повторно стапил во контакт со неговиот агент и веќе постигнале договор со Мароканецот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Челзи сега е спремен да го пушти Зијеч на позајмица со откуп по завршување на сезоната за 15 милиони евра.