Енрике разочаран од елиминацијата, но е горд на својата екипа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, истакнува дека е разочаран од елиминацијата на Светското првенство во Катар, но дека и понатаму е горд на својата екипа.

Шпанија во осминафиналето на Мундијалот во Катар загуби од Мароко после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел и после продолженијата натпреварот заврши 0:0.

Шпанскиот тим на дуелот со Мароко имаше само еден шут во рамките на голот, а ги промаши и сите три пенали. Шпанија е првата репрезентација која на светските првенства дури четири пати е елиминирана после изведување на пенали.