Азар стави крај на репрезентативната кариера

Досегашниот капитен на белгиската фудбалска репрезентација, Еден Азар, соопштува дека нема повеќе да настапува за националниот тим.

„Отворам нова страница. Му благодарам на сите за големата љубов, поддршка и среќа која заедно ја делевме од 2008 година. Одлучив да ја завршам својата репрезентативна кариера, бидејќи е време за нови играчи“, напиша Азар на социјалните мрежи.

31-годишниот Азар, своето деби за белгиската репрезентација ја имаше во 2008 година на пријателскиот натпревар со Луксембург. Во националниот дрес одигра 126 натпревари и постигна 33 гола. Својот последен натпревар за Белгија го одигра на Мундијалот во Катар против репрезентацијата на Хрватска. Најголемиот успех со Белгија го оствари на СП во Русија пред четири години кога го освои третото место.