Челзи го потврди трансферот на Нкунку, Лајпциг добива 60 милиони евра

Англискиот тим Челзи веќе ги финализирал сите документи околу трансферот на Кристофер Нкунку, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Француското крило ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ“ за 60 милиони евра, а зделката ќе стапи на сила во јуни следната година. Нкунку исто така ги помина медицинските прегледи и трансферот е одобрен од менаџерот на „сините“, Греам Потер.

Познато е дека Кристофер Нкунку беше дел од репрезентацијата на Франција за Светското првенство во Катар, но во последен момент отпадна откако заработи повреда на коленото. Се очекува тој да биде надвор од составот најмалку еден месец.