Мурињо одбил да ја води репрезентацијата на Португалија

Италијанскиот весник Газета дело Спорт ја пренесува веста дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо, одбил да биде селектор на репрезентацијата на Португалија.
Според информациите од весникот, Мурињо мисли дека уште е рано за таа позиција и е целосно посветен на водењето на Рома.
Италијанските медиуми наведуваат дека Мурињо бил прва желба на Фудбалскиот сојуз на Португалија за водење на репрезентацијата после отказот на Фернандо Сантош.
59-годишниот Мурињо во својата кариера бил тренер на Леирија, Порто, Реал, Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.