Гвардиола нема доволно фудбалери за четвртфиналето со Ливерпул

Манчестер Сити денеска одигра пријателски меч со сестринскиот клуб Џирона и победи со резултат 2-0, но по крајот на оваа контролка, Пеп Гвардиола не пропушти да нагласи колку е лош распоредот во англиската фудбалска елита.

Во четврток е закажан Карабао куп дуелот меѓу двата големи англиски великани, а Пеп кој денеска можеше да смета само на четворица редовни играчи од првиот тим, посочи дека во овој момент нема доволен број на играчи за да размислува за Ливерпул.

Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујне, Илкај Гундоган и Ријад Марез се единствените на кои може да располага Пеп на пет дена пред осминафиналето во Купот, бидејќи сите останати играчи во тимот против Џирона беа фудбалери од младинската школа.

„На располагање имаме само четворица играчи од првиот тим во овој момент, четворица стандардни. Ќе мора да ги чекаме наредните денови за да видиме во каква состојба ќе се вратат останатите. Ова е навистина необичен и тежок момент, едноставно немаме играчи за мечот со Ливерпул. Што да правиме, „големите мозоци“ во англискиот фудбал сметаат дека овој распоред е добар и дека треба да го одиграме тој меч“, изјавил Гвардиола по средбата со Џирона.