Пиоли верува дека Милан може да ја одбрани титулата
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се уште верува дека тимот може
да ја одбрани титулата во Серија А и покрај тоа што има осум бода
помалку од водечкиот Наполи. „Росонерите“минатата сезона го
осбоија Скудетото за првпат од сезоната 2010/11 година.
„Мора да продолжиме да веруваме дека можеме да станеме шампиони
оваа сезона, тоа е вистинскиот пат. Ако Наполи продолжи во исто
темпо, тогаш може да стигне и до 100 бода и секако тогаш ќе им
честитаме, но мора да размислуваме за освојување многу бодови во
продолжението на сезоната. Минатата година ни требаа 86 за титула,
можеби ќе треба повеќе оваа година. Имаме уште 69 бода на
располагање. Тоа се многу шанси, но мора сериозно да почнеме да
притискаме на педалата за гас и секако мораме да веруваме во тоа“,
вели Пиоли.