Лазаров: Нашиот голем број на технички грешки беа причина за високиот пораз
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во изјава после поразот со резултат 39:27 од Норвешка во првиот натпревар од Светското првенство во Полска и Шведска, даде свое видување на мечот.
Лазаров истакна дека големот број на технички грешки од страна на нашите ракометари, биле главна причина за високиот пораз на крајот. Сепак од поразот треба да се извлече поука и дека сега фокусот е на победа со следните противници, а тоа се Холандија и Аргентина.
„Норвешка според мене е една од најдобрите четири репрезентации на светот. Им честитам на победата и им посакувам успех на првенството. Ние направивме голем број на технички грешки за да можеме да се надеваме на добар резултат. Знам дека поразот со 12 гола разлика е болен, но треба да го заборавиме што побргу, и да мислиме напред. Нашите цели за ова првенство сега се победи против Холандија и Аргентина, кои се наши следни противници“, изјави Лазаров.
Македонија следнот натпревар во Краков, го игра во недела против Холандија со почеток во 18 часот.