Клоп: Не паметам Ливерпул да играл полошо од мечот во Брајтон

Ливерпул беше комплетно без идеја на гостувањето кај Брајтон и
претрпе тежок пораз од 3:0, кој според Јирген Клоп е најлошиот
кој го претрпел откако е член на тимот од „Енфилд Роуд“.
Германскиот стручњак не можеше да издвои ниту една светла
точка во неговиот тим по уверливиот пораз и катастрофалното
издание, посочувајќи го овој меч како најлош во неговата кариера
во Ливерпул.
Клоп имаше доволно доблест да замине на гостинската трибина
по срамното издание и со јасни гестикулации им се извинуваше
на навивачите на Ливерпул, кои оваа сезона доживуваат доста
разочарувања од своите миленици.
„Екстремно сум фрустриран и разочаран. Честитки до Брајтон,
одиграа супер меч против навистина лош ривал. Бевме толку
многу лоши денеска, едноставно не ми текнува на ниту една
добра фаза и период во мечот. Пробав да им помогнам на
момците со менување на формацијата, но ништо не одеше како
што треба. Јас сум одговорен за ова, но целосно бевме на
погрешна нога. На моменти беше прелесно за Брајтон, ние бевме
комплетно надвор од позициите на кои треба да бидеме, бевме
комплетно неорганизирани. Нема да ни биде тешко да бидеме
полоши од ова. Не може да ми текне на полош натпревар од ова
откако сум во Ливерпул,“, изјави Клоп.