Деклан Рајс е трансфер мета број еден за Арсенал ова лето
Водечкиот клуб во Премиер лигата, Арсенал, се насочува кон трансфер на играчот од Вест Хем, Деклан Рајс. Според информациите од медиумите, Рајс ќе биде трансфер мета број еден за Арсенал во летниот преоден рок.
Рајс има договор со Вест Хем до крајот на следната сезона. Во меѓувреме се појавија и шпекулации дека тој уште во јануари би можел да ги напушти популарните „чекани“, но нема никаква потврда за таков трансфер.
Сумата која се споменува за ангажман на англискиот репрезентативец изнесува околу 80 милиони фунти. Најголем конкурент на Арсенал во доведувањето на Рајс ќе биде Челзи, кој исто така има желба да го доведе фудбалерот во своите редови.