Педри: Мора да научиме да ги затвораме натпреварите

Барселона успеа да ги совлада Хетафе (1-0), но играта која ја прикажаа домаќините беше далеку од она што треба да е за еден лидер во Примера.

Каталонците постигнаа гол во првиот дел по една грешка на гостинската одбрана, предност која некако ги опушти, задоволи и во второто полувреме беа невидливи со само една прилика преку Френк Кеси.

Во таборот на Барселона се свесни дека мора да бидат на повисоко ниво за да ги остварат посакуваните цели, односно од последната средба на „Камп Ноу“ само ќе ги паметат трите освоени бода.

„Хетафе е комплициран тим за играње. Мора да научиме како да ги затвораме натпреварите, тоа е работа која е во тек. Овие три бода се многу важни. Ла Лига сè уште е наша главна цел и ние сме желни да продолжиме да го зголемуваме нашето водство“, рече стрелецот на победничкиот гол Педри Гонзалес на социјалните мрежи.