Мане по три месеци се враќа на групни тренинзи во Минхен
Садио Мане започна групни тренинзи со тимот три месеци откако се здоби со повреда на фибулата.
„Враќањето на тренинг во екипата е нешто фантастично“, изјави Мане на официјалниот Твитер на клубот.
Доколку распоредот за опоравување на Мане оди според планот, тој ќе може да учествува на реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ на 8 март.
Да потсетиме дека првиот натпревар, одржан во Париз, заврши со минимална победа на клубот од Минхен со 1-0.
Садио Мане се повреди во средината на ноември на мечот од Бундеслигата со Вердер Бремен, по што беше опериран и го пропушти настапот на Сенегал на Светското првенство во Катар. Играчот се пресели во Баерн од Ливерпул во летото 2022 година како слободен играч.