Касемиро: Понапорно е да се игра во Премиер лигата отколку во Ла Лига

Бразилецот во редовите на Манчестер Јунајтед, Касемиро, направи споредба на играњето за Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, и за тимот од Олд Трафорд во Премиерлигата.

„Не сакам да ја потценам Ла Лига, но натпреварите во Премиерлигата се многу потешки и понапорни за играње“, изјави Касемиро.

Бразилецот во Манчестер Јунајтед пристигна ова лето од Реал Мадрид каде повеќе сезони беше еден од главните носители на „кралевите’. После неговото пристигање на Олд Трафорд, Касемиро се снајде одлично и продолжи со извонредната форма.

Касемиро има запишано и 69 настапи за селекцијата на Бразил.