Дел Пјеро: Дибала се препороди во Рома, тоа е вистински клуб за него

Рома игра досега изгледа добро во сезоната, а еден од најважните играчи е Паоло Дибала кој во текот на летото пристигна како слободен играч од Јувентус.

„Волчицата“ е на делба на третото и четвртото место во Серија А и е на добар пат да се избори за место кое води во ЛШ, што е главна цел на тимот. Покрај тоа, се пласираа и во осминафиналето од Лигата на шампионите.

За ситуацијата на Дибала зборуваше легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

„На Дибала во Торино му недостасуваше самодоверба. Сега е многу позрел, во Јувентус помина важни чекори. Имаше убави и не така убави моменти. Тука во прв план се повредите“, изјави Дел Пиеро.

Дибала беше дел од Светското првенство каде што Аргентина ја освои светската титула.

„Не беше помеѓу главните играчи, но имаше важен момент во пенал серијата во финалето“, истакна Дел Пјеро.
Сезонава Дибала постигна 12 голови и подели седум асистенции во сите натпреварувања.