Австрија доби договор на ГН во Формула 1 до 2027 година
Австрија ќе има Формула 1 трка барем до крајот на 2027 година, откако денеска беше објавено дека договорот на трката е продолжен за уште 4 години.
Трката се врати во календарот во 2014 година на „Ред Бул Ринг“ и во последниве години трката имаше огромен успех, со рекордна публика од 303.000 луѓе минатата година.
Големата награда на Австрија се покажа како една од најпопуларните трки за навивачите на Макс Верстапен, кои имаат своја трибина на патеката во Грац.
Извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали му оддаде почит на починатиот Дитрих Матешиц и неговите напори да ја врати Австрија во календарот на Формула 1. Италијанецот објасни дека „љубовта, страста и визијата“ на Матешиц го обезбедиле успехот на трката.