Њукасл застана во редот за Хрватот Брозовиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.

Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ. Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

Најсилен интерес за Брозовиќ покажува Њукасл, кој игра одлично во Премиер лигата и е на добар пат да избори пласман во Лигата на шамиони.

Њукасл е спремен да понуди 30 милиони евра, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Хрватот интерес покажува и ПСЖ, кој исто така спрема понуда.