Обамејанг се враќа во репрезентацијата на Габон
Напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг е блиску до враќање во репрезентацијата на Габон.
Тој и неговиот татко во вторникот се сретнаа со претседателот на оваа африканска земја, Али Бонго Ондимба, кој е голем фан на Oбамејанг и кој го убеди повторно да го облече репрезентативниот дрес.
Oбамејанг јуниор го објави крајот на својата репрезентативна кариера во јуни минатата година. За 14 години играње, првата ѕвезда на популарните „пантери“, постигна 30 гола на 72 натпревари. Во 2022 година ја зеде капитенската лента, а остана запаметен како стрелец на првиот гол за Габон на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Како што сега стојат работите, на 33-годишна возраст, Пјер-Емерик ќе ги предводи своите репрезентативци на натпреварот против ДР Конго во јуни, во квалификациите за Африканскиот куп на нации. Габон е лидер на табелата во групата I со седум бодови од четири натпревари и е на прагот да се пласира на завршниот турнир на 34. Куп на нации, кој ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари 2024 година во Брегот на Слоновата Коска.