Кројф заминува од позицијата спортски директор на Барселона

Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Барселона, Жорди Кројф, на крајот од сезоната ќе го напушти новиот шампион на Ла Лига.

49-годишниот Холанѓанец кој е син на легендарниот играч на Барселона, Јохан Кројф, функцијата спортски директор ја обавува од 2021 година кога пристигна од кинескиот клуб Шензен.

Заминувањето на Кројф од Барселона следува после напуштањето на фунцијата директор на фудбал и на Матеу Алемани, кој се очекува својата работа да ја продолжи во премиерлигашот Астон Вила.

Одлуката за необновување на договорот со Барселона Кројф му ја соопштил лично на претседателот Лапорта, на кого му изразил благодарност за двегодишната соработка.