Тата Мартино именуван за нов тренер на Интер Мајами
Херардо Тата Мартино е новиот шеф на стручниот штаб на Интер Мајами, соопшти американскиот клуб.
„Многу сме среќни што Мартино го презеде Мајами. Веруваме дека тој е тренер кој одговара на нашите амбиции. Оптимисти сме дека можеме да постигнеме многу заедно“, изјави еден од сопствениците на Мајами, Хорхе Мас за официјалниот сајт на клубот.
Тој додаде дека очекува Интер да се бори за трофеи во МЛС лигата.
„Тато е многу почитувана личност во нашиот спорт. Неговите резултати зборуваат сами за себе. Ние сме уверени дека неговите достигнувања во играта и искуството како главен тренер ќе го инспирираат нашиот тим. Знаеме дека Мартино ќе има големо влијание на и надвор од теренот“, рече Ко-сопственикот на Интер Дејвид Бекам.
Интер е на последното место во поредокот на МЛС Источната конференција со само 15 бодови. Следниот натпревар клубот од Мајами го игра на 2 јули на домашен терен против Остин.