Милан го сака најдобриот фудбалер на АЗ Алкмар
Милан сака да го засили средниот ред, а една од најголемите желби е Тижани Реиндерс од АЗ Алкмар.
После продажбата на Тонали „росонерите“ го доведоа Лофтус Чик, а сакаат да доведат уште двајца играчи за врска. Милан започна преговори со АЗ Алкмар за Реиндерс, кој одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови.
24-годишниот играч за врска оваа сезона постигна 7 гола и 12 асистенции, па веќе доби повик и од холандската репрезентација.
Милан има договор со играчот и сега преговара со Алкмар, а трансферот би требало да изнесува околу 18 милиони евра.