Кемба Вокер потпиша за Монако
Без апсолутно никаква најава во европските медиуми, Монако денеска ги љубителите на кошарката со договорот со довчерашниот играч на Далас Маверикс, Кемба Вокер. Искусниот плејмејкер доаѓа во Европа на 33-годишна возраст, по 12 години поминати во НБА лигата од кои осум во Шарлот, две во Бостон и по една во Њујорк и Далас. Во својата кариера има четири настапи на НБА Ол стар натпреварите, сите од 2017 до 2020 година.
Со Вокер во своите редови, Монако направи екипа која има квалитет да се бори дури и за титулата во Евролигата со оглед на тоа што минатата сезона учествуваше на Ф4 во Каунас и на крајот го освои третото место. Пред неколку дена во редовите на францускиот шампион дојде и Петр Корнели од Реал, а на бековската линија, Вокер ќе ги дели минутите со Мајкл Џејмс, Ели Окобо, Метју Стразел и Џордан Лојд. И покрај бурното лето кога се однесува за евролигашките клубови, трансферот на Вокер сигурно е една од „бомбите“ пред почетокот на новата сезона во елитното натпреварување.