Александар Јончевски останува тренер на Кожув

По неколкунеделна неизвесност, селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски постигна согласност со раководството на Кожув за продолжување на соработката и во новата сезона.

Таа ќе биде вкупно петта за 42-годишниот стручњак во гевгелискиот клуб каде работеше од декември 2018 до 2011 и во вториот дел од претходната натпреварувачка кампања. Во Кожув се врати на полусезона и ја препороди екипата која од кандидат за испаѓање, обезбеди пласман во завршницата од Купот на Македонија и учествуваше во плејофот од домашното првенство. Малку недостасуваше и таму да направи сензација затоа што во првиот меч од четвртфиналето против МЗТ Скопје во Аеродром долго време имаше предност за да потклекне во финишот пред далеку поискусниот тим.

Продолжувањето на соработката со Јончевски е прв чекор на Кожув во пресрет на новата сезона, а во следниот период се очекува да почне и формирањето на тимот.