Американецот Џо Рис потпиша за македонскиот прволигаш Феникс 2010
Американскиот интернационалец, Џо Рис е нов член на македонскиот кошаркарски прволигаш Феникс 2010.
Рис ја покрива крилната и центарската позиција, а во новата средина доаѓа од Универзитетот Дукејн каде во НЦАА првенството имаше учинок од 9.6 поени, 4.7 скокови и 1.3 асистенција.
Претходно Феникс го промовираше и Шакур Даниел кој дојде до Универзитетот Тартелон од Тексас каде имаше бројки од 7.9 поени, 3.1 скок и 3.0 асистенции по натпревар.
Кога се во прашање странците прволигашот ги има на располагање уште Деандре Томас и Кејлех Стивенс.