Меси: Не размислувам за крај на играчката кариера

Фудбалерот на Интер од Мајами и аргентински репрезентативец Лионел Меси, во изјава за аргентинските медиуми нагласи дека не размислува за завршување со играчката кариера.

„Не размислувам за крај на кариерата и не размислувам околу тоа што ќе правам после играњето фудбал. Уживам колку што можам во сегашноста и највеќе од се сакам да играм фудбал. Одсекогаш сум размислувал за една идеја, да уживам во аргентинскиот фудбал како светски шампион, истакнува Меси.

Аргентинскиот ас во летниот преоден рок направи трансфер од Париз Сен Жермен во Интер од Мајами, каде на 12 натпревари постигна 11 голови.