Јунајтед оствари рекорден финансиски приход годинава
Манчестер Јунајтед не може да биде задоволен на резултатски план и оваа сезон, но затоа може да се пофали со рекордни приходи.
Клубот работи одлично кога се финансиите во прашање, па и покрај слабите резултати оствари рекордни приходи во износ од 648.4 милиони фунти во финансиската година која заврши на 30 јуни. Вкупниот приход пораснал за 11% во однос на претходната година и го надмина претходниот рекорд на лигата кој Јунјатед го постави во 2019 година.
Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ во истиот период е во загуба од 42.1 милиони фунти.
Фондот за плати во Јунajтед опаднал за 52.8 милиони фунти на вкупно 331.4 милиони фунти, што се должи на заминувањето на неколкумина скапи играчи, како и неиграњето во Лигата на шампиони.