Осимен заминува во Англија, Наполи ќе заработи 120 милиони
Виктор Осимен готово сигурно на лето ќе се пресели во Премиер лигата. Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па и преговорите за нов договор се во застој.
Поради тоа Наполи ќе биде приморан да го продаде на лето, а Осимен никогаш не ја криел желбата да игра во Премиер лигата.
Последните информации од Островот се дека Тотенхем се вклучил во трката за потписот на Нигериецот.
Тотенхем игра одлична сезона, но во Осимен гледа долгорочна замена за Хари Кејн и сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе уште во јануари.
Имено, „Спарси“ спремиле понуда од 120 милиони евра, но тешко е да се поверува дека Наполи ќе го продаде на средина од сезоната.