Пеп го враќа Сане во Манчестер Сити

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Лерој Сане би можел да се врати во Манчестер Сити, објави новинарот на Билд, Кристијан Фалк.

Според германското издание, Сити се заинтересирани за трансфер на 27-годишниот Германец следното лето. Според проценките сумата која би требало Сити да ја плати за него е 75 милиони евра, а неговиот договор со Баерн истекува во јуни 2025 година.

Сане играше за Манчестер Сити од 2016 до 2020 година, кога Баерн го купи за 49 милиони евра.