Манчестер Јунајтед го враќа Вернер во Премиер лигата

Тимо Вернер не добива голема минутажа во Лајпциг, па се очекува во јануари да се врати во Премиер лигата, тврдат медиумите на Островот.

Вернер помина две сезони во Челзи, каде пристигна за 55 милиони евра, но „сините“ не беа задоволни од неговиот придонес и го продадоа во неговиот поранешен клуб.

Германскиот репрезентативец не е задоволен со статусот во германскиот тим и сака трансфер по секоја цена.

Таквата ситуација сака да ја искористи Манчестер Јунајтед, кој бара засилување во нападот и е силно заинтересиран за Вернер.