Наполи го „врза“ Осимен со клаузула од 130 милиони евра
Виктор Осимен стави потпис на нов договор со Наполи.
Новиот договор на Осимен со актуелниот шампион на Италија има важност до 2026 година и во него е вметната откупна клазула во износ од 130 милиони евра.
Осимен во еден период не беше во најдобри односи со клубот поради скандалот со видеото на „Тик Ток“, но подоцна работите се променија и Де Лаурентис успеа да го убеди да ја продолжи соработката.
Во претходниот период Осимен се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа Де Лаурентис остана на својот став дека напаѓачот може да замине само под услови кои тој ќе ги постави. Сега секој кој го сака Осимен пред 2026 ќе мора да плати 130 милиони евра.