Артета размислува да замине од Арсенал на крајот од сезоната

Микел Артета ги известил челниците на Арсенал дека сака да го
напушти клубот на крајот на сезоната, барем така тврди каталонскиот „Спорт“!
Каталонскиот весник објави ексклузива, повикувајќи се на блиски
извори, дека Артета смета дека е најдобро да го напушти Арсенал на
крајот од сезоната 2023/24. Ова е уште една во низата шокантни вести
откако Јирген Клоп и Чави Ернандез во петокот и саботата потврдија
дека заминуваат по крајот на сезоната, но оваа информација треба да
се земе со резерва.
Додека во Каталонија тврдат дека Артета сака да замине, Лондон
веднаш ги демантираше информациите од Шпанија.
Во Англија продолжуваат да уверуваат дека Артета е блиску до
потпишување на нов договор со Арсенал, додека авторот на текстот
од „Спорт“ Томаш Андреу, недоволно познат на пошироката јавност,
го тврди спротивното.
Тој нагласува дека иако Артета има договор до 2025 година,
Шпанецот на лето би можел да се договори за взаемно раскинување
на соработката со Арсенал.
Томас Андреу исто така додава дека оваа информација се чува во
тајност, но дека Артета веќе разговарал за можно заминување со
својата придружба.