Суспендирани 62 камерунски фудбалери по Купот на Африка

Неверојатна одлука денеска донесе фудбалскиот сојуз на Камерун кој суспендираше 62 фудбалери поради лажирање на нивната возраст. Информацијата е потврдена на официјалниот сајт на веб страницата.

Помеѓу суспендираните е и фудбалерот, Вилфрид Натан Дуала кој настапи за Камерун на Африканскиот куп на Нации кој беше завршен минатиот месец. Според документите тој има 17 години, меѓутоа постојат сериозни сомнежи дека си ги „намалил“ годините како и останатите суспендирани.

Засега стои дека тие нема да можат да играат во плеј-офот од домашниот шампионат, не е јасно дали подоцна ќе се вратат на терените.

Најмногу суспендирани играчи има академијата Јонг, дури 13, по седум имаат Викторија Јунајтед и Ас Фортуна.