Селта се раздели со Рафаел Бенитез

Рафа Бенитез доби отказ од раководството на Селта.

Ваквата одлука шпанскиот клуб ја донесе по поразот на Селта во гостувањето кај Реал Мадрид со резултат од 4:0 во Ла Лига. Во моментот, тимот од Виго се наоѓа на 17. место на табелата со 24 бода, два повеќе од Кадис, кој се наоѓа во зоната на испаѓање.

Бенитез седна на клупата на Селта на почетокот на оваа сезона. Шпанецот има богата кариера во тренирањето на различни клубови, а најголемиот успех го постигна со Ливерпул, освојувајќи Лига на шампиони во сезоната 2004/2005. Со Валенсија беше двапати шампион во Шпанија, а исто така освои и трофеј во Купот на УЕФА (денешна Лига на Европа).