Консеисао: Артета навредуваше мој близок кој повеќе не е меѓу нас
Тренерот на Порто, Серхио Консеиао, изјави дека тренерот на
Арсенал, Микел Артета ги навредувал членовите на неговото
семејство за време на реваншот од 1/8-финалето на Лигата на
шампионите.
„Артета дојде на клупата за време на натпреварот и го навредуваше
моето семејство на шпански. Му кажав дека тој што го навреди веќе
не е жив. Нека се грижи за тренинзите на својот тим, бидејќи има
доволно квалитети за да игра многу подобро“, изјавил Консеисао на
социјалните мрежи, а тоа го пренесе новинарот Фабрицио Романо.
Да потсетиме, реваншот од осминафиналето од Лигата на
шампионите помеѓу Арсенал и Порто заврши со победа на Арсенал
по подобро изведување на пенали , откако во регуларниот дел беше
идентично како на првата среда. Во изведувањето на пенали победи
Арсенал со 4-2.