Едерсон добива нов договор во Манчестер Сити

Бразилскиот голман Едерсон пристигна во Манчестер Сити од Бенфика во 2017 година за сума од 35 милиони евра и од тој момент стана незамнелив дел од „машинеријата“ на Пеп Гвардиола.

Едерсон во овој момент важи за еден од најдобрите во светот, па затоа Манчестер Сити нема да ризвикува и наскоро би требало да започне преговори за нов договор и продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Едерсон има важност уште две години, меѓутоа во клубот сакаат да му покажат дека го ценат и да го задржат подолго.

Во овој момент Бразилецот заработува 120.000 фунти неделно и најавите од Островот се дека со потписот на новата соработка ќе си обезбеди плата од 200.000 фунти неделно и така би станал еден од најплатеите во тимот.