Издаден налог за апсење на бившиот претседател на Шпанската фудбалска федерација
Луис Рубиалес беше суспендиран од претседателската функција во шпанската Федерација по скандалот кој го режираше со Јени Ермосо, но познатиот фудбалски работник вечерва стана топ тема во својата земја и поради специјалната полициска акција која беше спроведена во неговата родна земја.
Специјална единица од шпанската полиција денеска приведе седум лица од фудбалската Федерација за кои се сомничи дека помогнале во низа нерегуларности при работењето, а главен фокус на истрагата е договорената соработка со саудиските милијардери за организацијата на Суперкупот.
Истрагата изнела на виделина низа сомнителни операции и седум важни вработени во Федерацијата веќе се на распит, а шпанското обвинителство оваа вечер издаде наредба за апсење на Луис Рубиалес.