Обрадовиќ ќе потпише нов договор со Партизан
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер, Жељко Обрадовиќ сосема извесно ќе потпише нов договор со Партизан по истекот на актуелниот кој му завршува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Партизан, Зоран Савиќ, во изјава за „Телеграф“ вели дека нов договор со Жељко се уште не е потпишан, но е убеден дека ќе биде на крајот од сезоната.
„Се е тоа во тек… Мислам дека нема да има никакви проблеми, и Партизан и понатаму ќе биде предводен од Жељко“, вели Савиќ.