Арсенал спремен да испрати понуда за Бенџамин Шешко
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ќе инсистира кај челниците на тимот да го ангажираат напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, велат последните информации од Англија.
Иако „топчиите“ беа заинтересирани за Иван Тони од Брентфорд, сега ќе имаат друга трансферна цел во текот на летото.
Шешко беше поврзуван и со Челзи, Манчестер Јунајтед и Милан. Сепак, Арсенал е најблиску до неговиот потпис.