ПСЖ го договори Жоао Невеш од Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш е примарна трансфер цел на ПСЖ ова лето, пренесуваат француските медиуми.

Невеш има 19 години и важи за еден од најголемите таленти во Европа, а Бенфика за неговата слобода бара повеќе од 100 милиони евра.

Невеш со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, но ПСЖ успеа да ја победи конкуренцијата.

Последните информации се дека двата клуба постигнале договор и ПСЖ за потписот на Невеш ќе плати 90 милиони евра плус еден играч.