Лион го украде Микаутадѕе, кој беше пред потпис со Монако

Еден од најдобрите играчи на Евро 2024, Жорж Микaутадѕе и официјално стана играч на Лион. Синоќа францускиот тим го потврди трансферот.

Страните потпишаа четиригодишен договор. Договорот го чини клубот од Лион 18,5 милиони евра плус 4,5 милиони можни бонуси.

Микаутадѕе втората половина од минатата сезона ја мина во Мец, кој испадна од Лига 1.

23-годишниот напаѓач на европскиот шампионат со три гола се најде меѓу најдобрите стрелци на првенството.