Абердин ја одби понудата на Еспањол за Миовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски
дефинитивно нема да остане во Абердин и следната сезона
откако голем број на клубови од топ 5 лигите се во трка за
неговиот потпис.
Веќе долго време се шпекулира за неговата иднина, а како
следни дестинации се споменуваат екипите на Еспаљол, Болоња
и Џенова.
Медиумите пренесуваат дека понудата која пристигнала од
Еспањол веднаш била одбиена од Абердин, бидејќи била пониска
од бараните 6,5 милиони фунти.

Деновиве се закажани нови состаноци и двете страни ќе се
обидат да дојдат до договор.