УС Опен го згопеми наградниот фонд
Наградниот фонд на последниот сезонски Грен слем тениски турнир, УС Опен, ќе биде зголемен за осум проценти во однос на 2022 година, објавија денеска организаторите.
Како што е соопштено, годинешниот награден фонд на турнирот во Њујорк ќе изнесува рекордни 65 милиони долари.
Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по три милиони долари, што е за 15 отсто повеќе од лани, а поразените во финалето во поединечна конкуренција ќе добијат по 1,5 милиони долари.
Оваа година УС Опен ја слави 50-годишнината од воведувањето на еднакви парични награди за тенисерки и тенисерки. Во 1973 година, турнирот беше првиот од четирите Грен – слем турнири што воведе еднакви парични награди за мажи и жени, при што сите се натпреваруваа за вкупна наградна сума од 100.000 долари, со исплата од 25.000 долари за победниците во сингл во машка и женска конкуренција.
Отвореното првенство на САД годинава на програмата е од 28 август до 10 септември. Титулите ќе ги бранат Шпанецот Карлос Алкараз и полската тенисерка Ига Швјонтек.