Андонова претставена во Ал-Шабаб
Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија.
Таа од денеска е нов член на Ал-Шабаб. Андонова е претставена како големо засилување и ќе го носи дресот со број „9“. Андонова во последните седум години настапуваше во шпанската Ла Лига каде играше за Барселона и за Леванте.
Ал Шабаб е клуб формиран пред седум години, тренер е шпанскиот стручњак Мигел Моралес, а најголем успех досега му е пласманот во финалето од националниот Куп.
Во првенството на Саудиска Арабија има десет клубови, а новата сезона почнува на 27 септември. За македонската репрезентација, Андонова има 33 настапи и 14 постигнати голови со што е втор стрелец на сите времиња.