Челзи продава десетина фудбалери на крајот од преодниот рок

Челзи ја започна сезоната со победа против Вулверхемптон 6-2 и пораз од Манчестер Сити 0-2.

Тренерот Енцо Мареска го среди тимот и веќе најави дека ќе се игра брз фудбал. Но, има проблем бидејќи неговиот ростер е преполн. Челзи има дури 50 играчи под договори, а Мареска процени дека не му требаат 14, пишува англиски Talk Sport.

„Бомбашкиот одред“, како што го нарекуваат Англичаните, го сочинуваат следниве играчи: Ромелу Лукаку, Кепа Аризабалага, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Чалоба, Петровиќ, Карни Чуквуемека, Дејвид Датро Фофана, Армандо Броја, Анџело Габриел, Дејвид Вашингтон, Алекс Матос, Харви Вејл и Лукас Бергстром.

Трансферот на Лукаку во Наполи е блиску до реализација, тој треба да го напушти Лондон за 35 милиони евра. Голманот Кепа минатата сезона беше на позајмица во Реал Мадрид, а најверојатно ќе биде и оваа сезона на позајмица, но во многу послаб клуб – англискиот Борнмут.

Ветераните Бен Чилвел и Рахим Стерлинг би можеле да завршат во Манчестер Јунајтед. Стоперот Чалоба порасна во фудбалската академија на Челзи, но беше изоставен од првиот тим од Мареска. Напаѓачот Армандо Броја најверојатно ќе му се приклучи на Ипсвич.