Меси ќе добие нов тренер, Интер Мајами се раздели со Тата Мартино

Интер Мајами сезонава не постигна резултатски успех, а по испаѓањето од МЛС купот остана и без тренер.

Херардо „Тата“ Мартино ја напушти клупата на Интер, а причината не се резултатите…

Искусниот аргентински стручњак го напушти Мајами поради, како што се вели, лични причини. Интер од Мајами не го постигна резултатот кој го посакуваше и очекуваше, па сега ќе мора да бара нов тренер. Ниту Лионел Меси ниту Луис Суарез не помогнаа, па Мајами следната година ќе мора да бара успех со нов тренер.

Интер беше претставен како ран фаворит за освојување на ова натпреварување, но шокантно беше елиминиран уште во првото коло од Атланта Јунајтед.

Мартино како тренер на клубот од Флорида беше на клупата на 67 натпревари и оствари 38 победи.