Реал го сака Романецот Ратиу од Рајо Ваљекано
Реал Мадрид мора да направи реконструкција на позицијата десен бек. По повредата на Дани Карвахал, еден од хероите на минатосезонското финале во Лигата на шампионите во кое постигна гол против Борусија Дортмунд, единствена опција на оваа позиција е Лукас Васкез.
Главна цел на реал е бекот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд, но овој трансфер евентуално може да биде реализиран во летниуот преоден рок.
Договорот на англиската ѕвезда истекува на крајот од сезоната, исто како и 33-годишниот Лукас Васкез, кој оваа сезона голема улога поради отсуството на Карвахал. Васкез не игра добро, често е најлош во одбраната на Реал и поради тоа клубот нема да му го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната.
Ова значи дека и доколку пристигне Александар-Арнолд, на Реал ќе му треба резервна опција. Се уште не е познато кога Карвахал ќе се врати по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти и во каква состојба ќе биде по рехабилитацијата.
„Sports Illustrated“, објави дека Реал Мадрид покажал интерес за десниот бек на градскиот ривал Рајо Ваљекано, Романецот Андреј Ратиу.