Куртоа се враќа во репрезентацијата на Белгија

FILE PHOTO: Soccer Football – UEFA Euro 2024 Qualifier – Group F – Belgium v Austria – King Baudouin Stadium, Brussels, Belgium – June 17, 2023 Belgium’s Thibaut Courtois reacts REUTERS/Yves Herman/File Photo

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа во март ќе го одигра првиот натпревар по враќањето во белгиската репрезентација.

Според „Марка“, новиот селектор Руди Гарсија ќе го повика голманот за претстојните натпревари од Лигата на нации. Белгија ќе игра против Украина во баражот за правото на настап во највисоката лига на турнирот на 20 и 23 март.

Во летото 2024 година, Куртоа објави дека ја прекинал кариерата во националниот тим поради конфликт со тогашниот селектор Тедеско. Во јануари годинава Тедеско доби отказ.