Винцек објави крај на ракометната кариера

Легендарниот германски ракометар Патрик Винцек денес го објави своето збогување од овој спорт, по серијата проблеми со повреди што ги имаше овој специјалист за одбрана во последните години.
Винцек се поретко можеше да ги покаже своите квалитети во дресот на Кил, поради што реши да ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Тој ќе остане дел од „зебрите“, откако постигнал договор од следната сезона да стане дел од управата на поранешниот европски шампион.
„Долгото патување дојде до крајот, време е да ги соблечам ракометните патики. Секогаш бев полн со страст и ентузијазам кога играв ракомет, така што оваа одлука воопшто не беше лесно. Не сакам целосно да се разделам од Кил, така што ќе останам лојален на клубот, но во една поинаква улога“, објави Винцек, кој десетина години наназад важеше за еден од најгрубите ракометари во Лигата на Шампионите..